Нада Топчагиќ е бесна што Милица Павловиќ ќе ја игра Јелена Марјановиќ во серијата “Пејачка“.

Легендарната фолкерка вели дека не е задоволна од кастингот за оваа крими-драма, кое снимањето започнува денеска во Белград.

Фолкерката смета дека ликот на пејачката можат да го толкуваат само семејни жени како што е Цеца или Мирка Васиљевиќ.

– Јелена беше жена домаќинка и една маченица од патријахално семејство. Поради тоа неможе да ја одглуми Милица Павловиќ! Мојата Јеца најдобро во серијата би ја играма Мирка Васиљевиќ, која е домаќинка, има деца и чуство за семејство. Или да кажеме Цеца Ражнатовиќ – вели Топчагиќ и продолжува:

– Каква црна Милица Павловиќ. Јелена беше повлечена девојка, добро воспитана и неможе да ја глуми некоја бесна девојка. За мене тоа е ужасно.

Таа додала дека нема ништо против “секси сењорита“, туку се изнервирала што улогата и припаднала на Милица на покојната пејачка:

– Едноставно, јас во ликот на Јелена гледам некоја друга личност. Тие две се сосема различни тип на жени. Да кажам, Милца на сцена се истакнува со тоа врцкање и играње. Разбирам дека сето тоа е шоу-бизнис, но Јелена никогаш не беше таква. Затоа на Милица не и прилега таа улога во серијата “Пејачка“, бидејќи тие две се како небо и земја.

– И да бев повикана, никако не би учествувала во тоа. Гледам колку Милица ја напаѓаат што ја прифатила таа улога, така и мене ќе ми ја псуева мајата кога би се појавила во “Пејачка“. Искрено ви велам, знаете дека јас немам влакна на јазик – заклучила Нада.