Блогерката Џеси Џил останала бремена на само 15 години. Својата исповед одлучила да ја сподели со остатокот од светот.

Повеќето девојчиња воспитувани во католички дух константно ги истражуваат границите на тоа што во никој случај не би смееле да го прават.

Ни јас самата не бев исклучок, всушност, кој е луд да чека брак за да има секс, размислував.А потоа се заљубив. До коска! А кога имате 15 години, не ви е потребно премногу време.Се сеќавам дека едно утро и раскажав на мојата пријателка од клупата дека ни пукна кондомот.

Нема врска, им се случува на сите. Сигурно ќе биде во ред”, ме убедуваше.

Секако дека ќе бидам, размислував во себе, па ова е годината која ќе одам на многу луди забави, конечно ќе добијам возачка дозвола и секако, ќе одам на матурската вечер. Сепак, “црвот” сомнеж не ми даваше мир, па повремено паѓав во сопствена дубиоза од застрашувачки мисли кои ми ја опседнуваа главата со часови.

Неколку месеци без менструација не е толку необично, размислував, и онака моето тело не е зрело, ќе бидат потребни години хормоните да ми се доведат во баланс. Немаше никакви знаци дека сум бремена, сè додека едно утро не погледнав во огледало и видов гради два броја поголеми.

А тогаш помислив дека можеби сепак сум бремена.

Отидов со пријателката во лабораторија и направив тест за бременост. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го видов малиот плус знак. Ми се заврти во глава и во еден момент целиот живот ми мина пред очи. Таков каков што можеше да биде.

Не планирав веднаш да им кажам на родителите, бидејќи не знаев како ќе реагираат, но исто така знаев и дека нема уште долго да можам да ја чувам тајната во себе. А потоа една пријателка кажала на друга, па набрзо дознала и една мајка, па сите заедно дојдоа во мојот двор барајќи од мене да не абортирам по никоја цена.

Не одлучив дали ќе абортирам или не, но бев сигурна дека тоа е само моја одлука која треба да ја донесам сама.

Конечно собрав храброст и им кажав на родителите дека сум бремена. Се воспостави дека тоа е најдобрата одлука која сум ја донела. Не сакаа да ме притискаат, ми дозволија сама да одлучам. Моето момче им кажа сè на своите родители, а потоа нашите родители се договорија да не поддржат, што и да одлучиме. Сепак, и со сета поддршка беше грозно. Соништата за факултет исчезнаа, а тинејџерските работи кои ги сакав ги заменив со облека која ми прелега. Бев посрамотена, депресивна и несреќна. Новата училишна година започна без мене, а јас добив приватни часови дома, изолирана од животот. Можеби и ми беше потешко што ме посетуваа пријателите, бидејќи слушав за сè тоа што го пропуштам.

Со момчето константно се расправавме, дури и не можевме да се договориме за името на детето. Кога се породив, покрај мене беше мајка ми, момчето, и неговата мајка. Родив здраво и прекрасно девојче.

Сепак, со целата поддршка која ја имав, ми беше тешко со бебето, многу работи требаше да научам. Им се восхитувам на мајките кои храбро се одлучуваат сами да одгледаат дете. Живеевме со моите родители, кои многу ни помагаа со бебето. Завршив училиште, па колеџ и станав медицинска сестра. Минаа 20 години, а моето момче стана примерен, прекрасен татко, иако повеќе не сме заедно. Го гледам како голем пријател на кого секогаш ќе можам да се потпрам. Нашата ќерка денес е прекрасна девојка и одлична студентка по инженеринг.

Луѓето обично мислат дека како тинејџерка ме принудиле да родам дете, родителите, заедницата…Сепак, не е така. Тоа беше моја одлука. И беше најдобрата одлука што сум можела да ја донесам. Би сакала мајчинството да го испланирам подобро, но кога и да дојде, тоа е драгоцено”.