x

Мајорка и Трајковски испаднаа од прва лига

Тимот на Мајорка со нашиот Александар Трајковски во составот не успеа сезонава да обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција на Шпанија, и следната сезона ќе се натпреварува во втората лига.

Ова е дефинитивно откако на коло до крајот Мајорка веќе нема шанси да излезе од зоната за испаѓање, а дефинитивниот крах се случи вечерва кога е доживеан пораз на домашен терен од тимот на Гранада со 1:2. Иако домашните дојдоа во водство во првиот дел сепак, ниту тоа не беше доволно барем за реми, затоа што гостите преку Диаз и Фернандез го свртеа резултатот.

Александар Трајковски влезе во вториот дел да помогне, одигра дваесетина минути но не успеа да го спаси својот тим од катастрофа.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата