x

Мајорал официјално во Рома

majoral

Рома го промовираше напаѓачот Борха Мајорал за свое ново засилување. Римската „волчица“ го носи досегашниот играч на Реал Мадрид, како позајмен во следните две години, со право на откуп (15 милиони по првата сезона, 20 по втората).

Со тоа е јасно дека Лука Јовиќ ќе остане дел од тимот на Реал Мадрид, иако се шпекулираше за негова продажба.

Реал Мадрид му понудил на Мајорал да остане, но не му гарантирал минутажа, со што се реши да замине во Рим.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата