Во универзитетски комплекс во Индија, група мајмуни нападнале лабораториски техничар и украле примероци од крв од пациенти кои биле заразени со коронавирус.

Нападот се случил оваа недела, додека техничарот се движел низ комплексот на државниот медицински факултет во градот Мирут во индиската држава Утар Прадеш.

Мајмуните извадиле примероци од крв од четири пациенти со КОВИД-19 кои биле на лекување, а потоа избегале – вели еден од функционерите на факултетот, додавајќи дека треба повторно да се земат примероци од крв од пациентите.

Не е познато дали мајмуните ги истуриле примероците од крв, а луѓето што живеат во близина на комплексот – кој има многу зеленило, погодно живеалиште за овие животни стравуваат дека инфекцијата би можела да се пренесе во станбени области ако примероците ги достигнат.

Сепак, како што рече службеникот на факултетот, засега нема докази дека, во случај на контакт со крвта на заразените, мајмуните исто така би можеле да се заразат и со тоа да ја пренесат инфекцијата.