Американскиот државен секретар, Мајк Помпео ги повика косовските власти да ги повлечат тарифите што ги воведоа на производите од Србија и Босна и Хервеговина. Тој сугерираше да соработуваат со Србија за да се избегнат провокации и да се намалат тензиите, соопшти Стејт Департментот по состанокот на американскиот државен секретар со косовскиот претседател, Хашим Тачи, во Вашингтон.

„Нормализацијата на односите помеѓу Србија и Косово е единствениот пат за интеграцијата на двете земји во заедницата со западните земји. Соединетите држави се подготвени да помогнат и да ги поддржат двете страни во постигнувањето на решение кое е трајно, применливо и ја зголемува стабилноста“, се наведува во соопштението, пренесе „Гласот на Америка“.

Тачи по состанокот со Помпео оценил дека Косово е благословено со поддршката од САД.

извор: Makfax