Европската комисија изрече нови парични казни за американскиот софтверски гигант “Мајкрософт” во висина од 280,5 милиони евра. Причина за казната е тоа што компанијата не го почитувала решението на Комисијата донесено во 2004 година, кога сопственикот на “Мајкрософт” Бил Гејтс беше осуден со парична казна од 487 милиони евра, заради злоупотреба на доминацијата на пазарот. Европскиот комесар за конкуренција на пазарот Нели Круз образложувајќи зошто е казнет “Мајкрософт”, рече дека ниту една компанија не може да биде над законот и изрази жалење што веќе две години овој гигант не го почитува решението. Крајниот рок за плаќање на казната е 15 декември годинава.