Рече дека стопроцентно никогаш повеќе нема да заигра во НБА. Но, повторно почна да игра кошарка секој ден против колегите од лигата, а според сведоците, тој се уште не е за пензија. Ќе следува ли и третото враќање на 41- годишниот Мајкл Џордан? Кога се повлече во 1999 година, изјави дека е 99,9 % сигурен дека нема да се врати. Сепак, се врати во Ва- шингтон, одигра две сезони, двапати го пропушти плејофот, но и покрај годините имаше просек од 20 коша по меч. Потоа замина и рече дека тоа е “дефинитивното” збогум на активното играње. Мајкл Џордан, последниов месец секојдневно е на теренот во својата омилена сала во Чикаго, каде што игра кошарка со колеџ играчи, но и со НБА кошаркари, меѓу кои неговите големи пријатели, Ентоа Вокер и Мајкл Финли. Според изјавите на очевидци, ЕР Џордан е во одлична форма и не изгледа како дедо во споредба со помладите играчи. Значи, со Џордан се уште не сме на чисто и не треба да се зачудиме ако тој и во 42-та година од животот повторно се врати. Во НБА е секогаш добредојден, исто како и во срцата на милиони обожаватели низ светот.