Ќерката на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, реши да тргне по стапките на татка си. 14-годишната Парис Џексон ќе влезе во музичката индустрија, а голем плус за неа е тоа што вратите на шоу бизнисот веќе се отворени баш поради големата слава и стекнато богатство на сега веќе починатиот татко. Тинејџерката е доста активна на друштвените мрежи, па оттаму доаѓа и информацијата за нејзините планови.

Парис објавила фотки на кои позирала облечена во маица со натпис Нирвана и со електрична гитара во раката, а под фотката напишала – “Време е за мене и мојата музика”.

Инаку, Парис има и двајца браќа, Принц (15) и Бланкет (11). Принц за разлика од неа, покажува новинарски амбиции и веќе е дел од шоуто “Entertainment Tonight”, каде има задача да интервјуира славни личности.