Најдобриот пливач на денешницата Американецот Мајкл Фелпс, кој на Летните олимписки игри во Лондон минатата година стана најтрофејниот олимпиец со 22 медали (18 златни) не престанува да ги полни страниците на жолтиот печат. Откако одлучи да ја заврши својата професионална кариера, постојано е присутен во медиумите, но не заради спортските резултати, туку заради неговите девојки.

По раскинувањето со Меган Рози Американецот имаше куса авантура со Џасмин Валц, а врската заврши откако на виделина излезе домашното порно на убавицата. Меѓутоа, на Фелпс не му требаше многу време да го стопли креветот со друга девојка, келнерката Сара Гердон. Но, американските медиуми веднаш прочепкаа по минатото на новата девојка на Американецот и открија дека и Сара исто така снимила домашно порно со своето поранешно момче.