Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во дворот на Кенсингтонската палата ја претстави нејзината книга за готвење „Together: Our Community Cookbook“, а приходите од продажбата ќе бидат донирани на јавните кујни.

За првиот сопствен настан како член на кралското семејство, Меган облече капут со кралска сина боја од модната куќа „Smythe“ под кој носеше црна блуза без ракави од брендот „Tuxe“, црно плисирано здолниште од дизајнерката Миша Нону и класични црни салонки.

Овој пат, освен Хари, во нејзино друштво беше и мајка ѝ Дориа Рагланд, за која ова беше прв кралски настан по свадбата на Меган и Хари во мај годинава. Таа се појави во скромна комбинација на панталони, џемпер и ролка во слична боја, а преку рамената носеше портокалова марама.

Освен што ѝ е прв кралски настан, на Дориа ова ѝ беше прво јавно појавување со нејзината ќерка по венчавката.

извор: Makfax