Една мајка од Русија ја фрлила 2-годишната ќерка низ прозор од 9-ти спрат, а потоа и сама скокнала по детето, а и двете го преживеале падот.

21-годишната мајка од рускиот град Уфа, која не е идентификувана и нејзината ќерка ги спасилот тоа што на тлото ги дочекал снежен нанос.

Мајката е обвинета за обид за убиство и ѝ се закануваат до 5 години затвор ако биде прогласена за обвинета.

Роднините рекле дека мајката била многу лошо расположена на денот на инцидентот.

-Беше многу напната, викаше на мене цело утро и фрлаше работи по станот, Се подготвуваше да го однесе детето на рутински преглед во домот за здравје. Во еден момент отидов во кујната, а неа и девојчето ги оставив во спалната соба. Се надевав дека малку ќе се смири. Неколку минути подоцна, кога се вратив водиво дека собата е празна, рекла нејзината снаа.

Од болницата соопштиле дека детето е примено во тешка состојба.

-Детето е хоспитализирано во тешка состојба. Мајката има само модринки и нејзиното здравје не е во опасност. Докторите успеале да го спасат малото девојче и засега не е во животна опасност, велат од болницата.