Кога фолк дивата Цеца и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ ќе решат да уживаат очигледно ништо не може да ги спречи во нивните намери.

Откако Цеца се пожали дека кризата тропнала и на нејзина врата, веднаш потоа заедно со ќерка си замина на патување.

Цеца и Анастасија Ражнатовиќ отпатуваа за Рим, а на социјалните мрежи покажаа дека им пркосат на лошите временски услови.

Фолк дивата Цеца објави видео на својот Инстаграм профил и рече дека дождот не престанува да паѓа, но дека тоа не ги вознемирува и дека може слободно да уживаат во вечерата во главниот град на Италија.