x

Мајката на Рабио не го пушта да се врати во Торино

Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, ќе ги напушти италијанските гигант.

Французинот сè уште не пристигнал во Торино, иако менаџментот ги повика сите „легионери“ кои ја напуштија Италија за време на тешкиот период поради пандемијата од коронавирус. И тоа поради тоа што неговата мајка, која што е воедно агент, не му дозволила да се врати во Торино.

Според пишувањата, Вероника Рабио му „готви“ трансфер на својот син во Англија, каде што смета дека ќе игра повеќе, и ќе заработува подобро отколку во Јувентус.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата