x

Мајката на Дончиќ испрати порака по повредата

screenshot_1-7

Мајката на Лука Дончиќ, очекувано загрижувачки го гледаше дуелот меѓу Далас и Клиперс, на кој се повреди Словнецот. Маверикс ја загубија оваа битка, а „мама Миријам“ се огласи на својот „Инстаграм“ профил.

„Ти секогаш се враќаш посилен. Ти си мојот свет“, напиша таа.

Клиперси водат со 2-1 во плеј-оф серијата, откако го совладаа Далас со 130-122. До повредата Лука имаше трипл-дабл од 13 поени, 10 скока и 10 асистенции, остварување со кое се израмни со Леброн Џејмс и Меџик Џонсон, како најмлад игра во плеј-офот кој стигнал до трипл-дабл.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата