Маја Оџаклиевска се повлече од јавната сцената и речиси целосно му е посветена на семејството, особено на внукот Лука кому пред 7 години му е дијагностициран аутизам. Таа живее од пензија која изнесува некаде околу 15 000 денари, а како што рекла „попрво ќе живее од тие пари, отколку да се малтретира за десет пати поголемо чувство на ништожност“.

– Не можам многу да му пружам на внукот со оваа пензија, но тој е разумен. Кога ќе му речам ’баба не може тоа, немаме пари’, малку се растажува, но молчи. Не е бесно дете кое сака да го истера своето, раскажала Маја и открила дека Лука не зборува се уште и дека таа му е целосно посветена. 

– Не велам дека јас се запустив себеси, но не сум во прв план во ваква ситуација. Тој стана сосема поинакво дете, рекла Маја и додала: Неговата душичка е многу напатена. Секое дете со аутизам е свет за себе, секој има некој свој проблем. 

Маја живее со Лука, кој, како што открила во една прилика, на секои три-четири дена добива аутистични напади и затоа не го остава сам. Времето го поминувале или на терасата или во дворчето кое го изолирале, го заградиле и тука се дружат.