Еден од најголемите фаворити за титулата во НБА-лигата, тимот на Мајами, поведе со 2:0 во победи во полуфиналната серија во плејофот во Источната конференција. Жешките победата над Бостон ја обезбедија дури во втората половина на последната четвртина, кога направија серија од 14:0, за на крајот да слават со 94:80. Двејн Вејд го предводеше Мајми во првиот дел од натпреварот со 16 погодоци, а по одморот контролата на паркетот ја презеде Леброн Џејмс, кој постигна 12 поени во третата четвртина.
– Играме против фантастичен тим. Се обидуваме без многу проблеми да го обезбедиме местото во финалето. Во преостанатите натпревари ќе се потрудиме да ја одиграме истата игра, за којашто сум сигурен дека ќе вроди плод, изјави Леброн.

Полуфиналната серија сега се сели во Бостон, каде што домаќините треба да го пронајдат одговорот за добрата одбрана на Мајами и разиграните Вејд и Џејмс. Во осумте серии Селтикс имаа негатива во првите два натпревари, а успеаја да стигнат до пласман во конференциското финале во 1969 година, кога го елиминираа ЛА Лејкерс.

Во Западната конференција, Оклахома го возврати ударот и изедначи на 1:1 во дуелот со Мемфис Гризли, победувајќи со 111:102. Кевин Дуран постигна 26 поени, а Вестбрук 24 пати ја погоди целта со шест асистенции, додека од клупата одлично реагираа Џејмс и Харден, кои заедно уфрлија 21 поен. Одлично се покажа и Ерик Мејнор, постигнувајќи 15 поени.
– Конечно дочекав Харден и Мејнор да одиграат еден добар плејоф натпревар, изјави Сем Јанг, тренер на Олкахома.