МАТ ЛЕ БЛАНК ТВРДИ ДЕКА НЕ Е ГЕЈ
Ѕвездата на популарната серија “Пријатели” Мат ле Бланк, ги негира гласините за своето сексуално определување, и вели дека не е хомосексуалец. Имено, неговиот возач Демијан Пламлејт тврди дека оженетиот актер го возел на места на кои можело да се изнајми маж за секс. Но, ле Бранк кој има три деца, (и уште две деца од првиот брак на неговата сопруга), изјави дека тоа не е точно. -Никогаш не сум изнајмувал машка проститутка, рекол и додал: “Тоа навистина не е точно, јас не сум бисексуалец. Никогаш не сум водел љубов со маж. Изнесувањето на вистината на виделина не е важна само заради мене, туку и заради моето семејство. Демијан ме возеше неколку пати. Работеше за компанија која ја користеше куќата на “Варнер брос”. Беше еден од возачите на лимузини. Јас никогаш не го вработив. Не ми беше пријатно во негово друштво, па затоа прекинав да го изнајмувам, се правда актерот.