Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ги оцени како „целосно лажни” наводите на медиумите во кои се тврди дека претседателот на САД, Доналд Трамп побарал зголемување на нуклеарниот арсенал на земјата.

– Ваков вид на неточно известување е неодговорно, оцени Матис.

Ен-Би-Си њуз претходно јави дека Трамп на состанокот со неговите советници за национална безбедност во јули побарал драстично зголемување на нуклеарниот арсенал на САД.

Трамп ги негираше таквите тврдења на Твитер.

– Лажниот Ен-Би-Си њуз измислуваат приказна дека сум сакал „десеткратно” да го зголемам нуклеарниот арсенал на САД. Чиста измислица, создадена за понижување. Ен-Би-Си=Си-Ен-Ен!, напиша Трамп на Твитер.