Американското ФБИ соопшти дека Омар Матин се претставил како „исламски војник“ кога за време на нападот во геј-клубот во Орландо ја повикал полицијата и нагласил дека САД треба да прекинат со бомбардирање врз сирија и Ирак.

-Но, нема докази дека Матин (29) кој уби 49 луѓе и рани уште 53, го насочувала некоја станска терористичка група, туку најверојатно бил „саморадикализиран“, изјави Руперт Хупер од ФБИ.

Според објавените транскрипти, Матин тврдел дека за време на нападот пред клубот има паркиран автомобил со бомби и им се заканувал на заложниците дека ќе им стави експлозив на нивните тела.