x

Матеус со совет до Санчо: Баерн е вистински клуб за тебе!

Лотар Матеус, легендата на германскиот и европски клуб, како што пишуваат медиумите во Англија, јавно му дал совет на суперталентираниот Џејдон Санчо, за тоа каде да ја продолжи својата кариера. Познато е дека за англискиот напаѓач, свој интерес пројавува Манчестер Јунајтед. Матеус го советувал Санчо да ја одбие понудата на Јунајтед и да оди во Баерн Минхен, имено баварскиот клуб бил вистински избор за тоа каде ќе му биде најдобро на еден од најдобрите млади играчи во светот.

Сепак и покрај советот, за ова се прашува и Борусија Дортмунд, клубот во кој сега игра Санчо. А јасен е ставот на „жолтите“, кој го сака Санчо ќе мора да плати 120 милиони евра отштета. 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата