Шпанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, експресно ги демантираше пласираните информации дека на крајот од актуелната сезона ќе се пресели во кинеската Супер лига.

Одличниот играч за врска планира да потпише нов едногодишен договор со “црвените ѓаволи”, кој ќе му гарантира неделна плата од 165.000 фунти.

За разлика од пред неколку години, шпанскиот интернационалец сега има одлична соработка со контроверзниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.