Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изразил загриженост за преговорите меѓу Србија и Косово.

Тој навел дека обидот за укинување на различностите со поместување на граничните линии е опасно. Хас вчера ја посети Тирана, а денеска е во Атина. Во интервју за „Катимерини“ рекол дека меѓу Србија и Косово треба да дојде до вистинско помирување.

Според него единствен начин да дојде до тоа е поголема толеранција и прифаќање на различностите. „Спротивно на тоа, сметам дека обидот таа различност да укине со поместување на границите е опасно“, заклучил тој.

извор: Makfax