СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.М.(22) од с.Требош, Тетовско, А.А.(22) од с.Палатица, Тетовско, Ш.К.(19) и Ш.А.(19) двајцата од с.Требош, Тетовско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Имено, на 11.10.2020 во 00: 40 часот, во Полициска станица Тетово, било пријавено дека на 10.10.2020 околу 21: 30 часот, во угостителски објект, Б.А.(21), А.Џ.(23) и И.М.(21) од Тетово, додека биле внатре, влегле и шест лица, по што И.М. бил физички нападнат од едно лице, по што настанала меѓусебна физичка пресметка помеѓу пријавителите и пријавените.