Масовна тепачка на факултет
Најмалку четири лица се повредени во тепачка меѓу две групи студенти на Правниот факултет на Атинскиот универзитет, јави грчкиот информативен сајт Ин-њуз.Инцидентот започнал за време на Генералното собрание на студентите од Правниот факултет, кога жестоката расправија меѓу претставници на две ривалски фракции прераснала во тепачка, која набрзо од факултетската зграда се пренела на околните улици. Полицијата не се вмешале во тепачката, поради законската одредба за неприкосновеност на унивезитетската територија.