На 25.06.2020 во 02.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.00 часот во парк во близина на бензинската пумпа на бул.„Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.И.(26) и Д.Љ.(22) двајцата од Скопје од една страна и непознато лице од друга страна, по што на местото на настанот пристигнале четири непознати лица со патничко моторно возило“ланчија“ кои со дрвени палки физички ги нападнале К.И.(26), Д.Љ.(22) и Д.А.(21) од Скопје кој се наоѓал во непосредна близина и по негово кажување не се познавал со останатите учесници ниту учествувал во претходната расправијата. Лицата со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор им биле констатирани повреди. На местото на настанот излегле полициски службеници до СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.