Рано утрово околу 300 полицајци и агенти на италијанските сили за спроведување на законот извршија рација низ цела Италија и уапсија лица поврзани со детска порнографија, пишува агенцијата „Аги“.

Акцијата е спроведена во соработка со полицијата од целиот свет, и по неколкумесечно следење и собирање на податоци. Притоа, уапсени се 81 лицe кои биле вклучени во криминалната група за купување, продавање и производство на педо-порнографски материјал.

Оваа акција, која беше извршена под кодно име „Луна парк“, е најмасовна од ваков вид во последните неколку години, пренесува Танјуг.

Покрај италијанските криминалци, уапсени се 432 лица ширум светот, од каде потекнува порнографскиот материјал.

извор: Makfax