Блескав тен без брчки е сонот на секоја жена, и еве како тоа и’ да го постигнете на сосема природен начин. Пробајте го црниот мелем. Која е неговата тајна?

Тајната на црниот мелем е природна состојка – масло од семе од тиква и природен мед. Во студијата „Физичко-хемиски својства на третман на масло од тиква и лекување акни вулгарис”, се анализирал ефектот на ова масло врз кожата и нејзината ефикасност против акутно и хронично воспалување на кожата.

Во истражувањето се прикажани фотографии од луѓе пред и потоа, и евидентно е дека кожата на лицето е подобрена по само три третмани со екстракт од масло,и тоа во 95 проценти од случаите.

Антиејџ ефект

Маслото од тиква е богато со антиоксиданти кои го забавуваат процесот на стареење на кожата и имаат високо ниво на масни киселини. Овие хранливи состојки ја штитат кожата од оштетување и ја зголемуваат еластичноста.

Витаминот Е во маслото од тиква е исто така висок, и токму овој витамин е познат како „витамин за убавина”. Тој ја прави вашата кожа мека и мазна. Ако сакате кожа како на бебе, ова масло ќе ви даде најдобри резултати. Може да се користи за сите видови на кожа.

Го изедначува тенот на кожата

Драгоценото масло од тиква го изедначува тенот, бидејќи е богато со витамини А, Ц и Е, за кои се знае дека го стимулираат формирањето на здрави клетки на кожата.

Маска

Потребно е:

1 лажица масло од тиква

1 полна лажичка мед

2 лажички шеќер

1/2 шоља јогурт

Подготовка:сите состојки убаво измешајте ги, маската на лицето држете ја 10. минути и измијте со млака вода. На крај можете да го нанесете редовниот крем за лице. За хидрирана, мека, сјајна, блескава кожа за лице маската правете ја барем еднаш неделно.