Најмалку 52 лица се убиени во судири меѓу затвореници во затворот Алтамира во северниот дел на Бразил, соопштија бразилските власти.

Шестнаесет жртви биле обезглавени, додека останатите починале од задушување.

Затворениците запалиле дел од затворот во обид да ги спречат чуварите да влезат.

Се работи за пресметката меѓу криминални банди, а не е повреден ниту еден затворски службеник.

извор: Makfax