x

Марјан Секуловски на кормилото на Брегалница

sekulovski

Брегалница од Штип го назначи Марјан Секуловски  за нов тренер на екипата. По разделбата со Добринко Илиевски, раководството на клубот се одлучи за ангажман на докажано тренерско име во Македонија кое треба да даде нов импулс плус во развојот на сениорскиот тим на Брегалница.

Секуловски потпиша договор до 2022 година, со можност потоа и за продолжување на истиот.

На големо задоволство на двете страни дојдовме до договор со Марјан Секуловски за именување на нов шеф на стручниот штаб на Брегалница. Со ангажманот на Секуловски нашиот клуб добива тренер со големо искуство, како од домашната така и од интернационалната сцена. Во неговата кариера ги минал сите фази на еден натпреварувачки предизвик, влез на екипи од Втора во Прва лига, максимално познавање на комплетната домашна фудбалска сцена но и силно меѓународно искуство со забележителни резултати во странство. Искрено очекувам со неговото искуство тимот да го подигнеме на уште повисоко ниво од она на кое се наоѓа во моментов. Му посакувам многу успеси во иднина, па сезонава да ја реализираме нашата добро позната зацртана цел“ – истакна сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов, по официјализирањето на соработката со Секуловски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата