x

Марјанчо Андрески повеќе не е тренер на Кадино

129632347_136135721371931_4180343628900482093_n

Досегашниот тренер на второлигашот Кадино, Марјанчо Андрески не е повеќе дел од овој клуб. Стратегот се одлучи да си замине од оваа функција иако Кадино имаше релативно добри резултати оваа есен.

„Му благодарам на ФК Кадино за укажаната шанса и за можноста да бидам дел од овој клуб. Се надевам дека и по моето заминување клубот и натаму ќе продолжи да бележи добри резултати и да се развива во добар правец. Им посакувам секое добро“ – изјави Андрески за Спортмедиа.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата