Марјана Станојковска деновиве е заглавена во теретана каде тренира напорно и се спрема за лето!

Потврда за тоа се фотографиите кои ги објави на Инстаграм каде позира стегната во хеланки и топ, а главен реквизит со кој го оформува телото и е топката за пилатес која не ја испушта од раце.

Освен што објавува фотки од теретана, атрактивната водителка и манекенка редовно ги чести фановите и со интересни видеа во кои го прикажува своето секојдневие, и ако порано високите потпетици беа нејзин заштитен знак сега се почесто можеме да ја видиме во патики и спортски комбинации кои, исто така, и прилегаат совршено.