Додека бев во Пинкови ѕвезди ме обвинуваа дека сум се облекувала несоодветно за годините, но не им забележував. Порасната сум постари брат и сестра и мене сето ми беше нормално, вели Мартија Станојковиќ, која јавноста ја запозна токму преку ова музичко натпреварување одржано во соседството каде на крајот имаше одличен пласман. Но освен стилот во шуто ја коментираат дека и на инстаграм објавува многу провокативни фотографии

– Не ме допираат таквите коментари, бидејќи го правам она во кое сум сигурна и мене ми се допаѓа. Тоа што го објавувам го правам со сигурност, а така и се чувствувам. Реално не објавувам провокативни фотографии, но ако некој смета така што да направам. Се трудам се да е прикладно и на мојата возраст и на публиката, вели Мартија, која најави нова песна и малку поголема музичка активност. 

– Песната ќе излезе најверојатно пред Нова година и во исто време со спот. Се работи за нешто многу интересно, преубаво, модерно. Песната ја снимам со Дарко Димитров и веќе неколку месеци работиме на овој проект и многу се радувам и едвај чекам, додава Мартија.