x

Мартин Серафимов потврди дека е позитивен на Ковид-19

serafimov

Откако вчера и РК Металург потврди дека во екипата има два случаи на позитивни на Ковид-19, денеска стана јасно и за кого се работи. Со свое обраќање преку социјалните мрежи, младиот ракометар на „металурзите“, Мартин Серафимов, потврди дека тој е ракометарот кој вчера доби позитивен тест на коронавирусот.

„Почитувани пријатели,
Сакам да ве известам дека сум Ковид позитивен при последното тестирање во РК Металург. Моментално се чувствивам добро и немам никакви симптоми. Ќе се придржувам кон протоколите за лекување и се надевам на брзо враќање на ракометот. Им посакувам на моите соиграчи успешен настап во Тулуз. Бладарност до клубот и соиграчите за подршката која ја добивам“, напиша Серафимов.
Од вчерашните резултати стана јасно дека и Мисовски, членот на стручниот штаб на клубот е исто така позитивен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата