Мартин оди на Евросонг 2005
Вчера напладне од одделението за односи со јавноста, Македонската телевизија по имеил го испрати следново соопш тение: – Во врска со одржаната манифестација “Македонски Евросонг 2005”, МТВ уште еднаш го искажува својот став дека победник на домашниот избор за “Песна на Евровизија 2005” е исполнителот Мартин Вучиќ со нумерата “Ти си сон”. Констатирано е дека формално-правно изборот е регуларен, и дека до овој момент не се пристигнати валидни докази кои би ја довеле во прашање регуларноста на изборот. Што се однесува до индициите дека нумерите имаат прекумерни сличности со веќе објавени музички материјали, на нашите барања за давање на експертиза за автентичност на компетентни институции (вон МТВ ), ни беше одговорено дека овие организации немаат соодветна надлежност врз вакви случаи. На крај, МРТ повторно го изразува своето жалење за инцидентите и создадената атмосфера во Универзалната сала и надвор од неа.