x

Марсеј го порази ПСЖ, на крајот тепачка и пет црвени картони (видео)

marsej-e1600031422313

Големото француско дерби помеѓу ПСЖ и Марсеј заврши со победа на гостите со 1:0. Со тоа екипата од југот ја забележа првата победа на „Паркот на принцовите“ после 10 години. Стрелец на голот беше Флоријан Тован во 31 минута.

Имаше и два поништени голови поради офсајд, едниот за ПСЖ, а другиот за Марсеј.

А во финишот на мечот се случија немили сцени. Парижаните кои го доживеаа вториот пораз сезонава во исто толку натпревари не можеа да се помират со тоа што големиот ривал им ги зема бодовите од Париз. Кошкања, пцости, по некоја шлаканица, па судијата подели пет црвени картони.

Три за ПСЖ: Курзава, Паредес и Нејмар и два за Марсеј: Амави и Бенедето.

Марсеј ја забележа втората победа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата