x

Марсело го „издаде“ Модриќ за проблемите со полицијата

Сосема случајно, шпанската, а сега веќе и светската јавност дозна за немилиот настан кој Лука Модриќ го имал пред неколку дена.

Карантинот кој е обавезен и во Шпанија, Модриќ наводно го прекрил кога во својот сопствен двор си играл со неговиот син, а топката случајно одлетала преку ограда на самата улица.

Модриќ нормално излегол да ја врати назад, но за негова несреќа во тој момент поминувала полициска патрола, која го опоменала фидбалерот, а тој пак реагирал бурно.

Сето ова ќе останеше мистерија, односно немаше да стигне до јавноста, ако случката не ја прераскажеше Бразилецот Марсело во онлајн разговорот со својот соиграч Винициус Жуниор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата