За рекордни 18 минути и 25 секунди освои 1.000 поени полагајќи тест Поњер Поинт 2013, со што ја освои главната награда, патување на светскиот натпревар во Дизниленд, Орландо Флорида, но и можност да ја претставува Македонија во светски рамки.

Марко Марковиќ е ученик во втора година во гимназијата “Раде Јовчевски Корчагин” и ќе ја претставува нашата земја на светскиот натпревар за “Мајкрософт офис специјалист” кој ќе се одржи во Америка.
За овој натпревар како што вели Марко за “Вечер”, најпрво го известил неговиот ментор Жаклина Прекиќ, професорката по информатичка технологија и програмски јазици, каде се пријавиле 40 ученици од неговото училиште.

-За натпреварот не извести нашата менторка. Прво имаше квалификации каде првиот дел се полагаше он-лајн од дома, додека финалето се одржуваше во просториите на Стопанска банка, вели Марко.

На ниво на Македонија вкупно се пријавиле 1.430 ученици, од кои 45 се квалификувале на државниот натпревар.
Првиот Национален натревар, беше организиран од Цертиадриа, поддржан од Стопанска Банка-Скопје која на сите финалисти им подари и по 5.000 денари, Мицрософт Македонија, Здружение на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и компании од ИТ-секторот.

-На 28 мај се одржа финалето на “Мајкрософт Специјалист”, а на сите финалисти кои што учествуваа, вкупно 42, банката им додели по 5000 денари на сметка на секој учесник, додека Марко ја освои наградата патување заедно со менторката во Орландо, Флорида, на финалето во август. Како банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, банката обезбедува поддршка за натпреварот затоа што ја препознава потребата кај младите, родени во дигиталната ера, не само да бидат вешти во совладување на достапната технологија, туку и да се носители на развојот на технологијата од иднината. Токму затоа, овој натпревар беше организиран во и-банк сторе концепт филијалата на банката, каде во фокусот е и-банк платформата преку која банката во континуитет се обидува да одржи темпо со современите текови и алатки и она што им е и на тој начин дополнително да се приближува до младите и да им помага да го реализираат својот потенцијал, велат од Стопанска банка.

На натпреварот кој ќе се одржи во Орландо, во Америка, Марко ќе ги покаже своите вештини на истиот програм Поњер Поинт 2013.

-Натпреварот се однесуваше на вештини колку ја владееш програмата, односно имавме листа на задачи, пример да се обработи текст, да се додадат слајдови, односно сите алатки што ги нуди програмата да ги употребиш, а потоа автоматски се прегледува, дали точно е извршена задачата, објаснува Марко.

За овој натпревар, како што кажа самиот, му биле потребни неколку денови за да се подготви, но најголемото знаење го стекнал преку видеата на Јутјуб, каде што се објаснува самиот програм. На финалето во Америка, повторно ќе се натпреварува со околу 500 учесници од различни земји.

-Секој учесник може да бира што ќе полага, Поњер Поинт, Њорд или Еџел, сите што одбрале програм на финалето овде, ќе полагаат на истиот програм и на финалето во Америка. Јас ќе полагам на истиот програм Пањер Поинт, а ќе има натпреварувачи од сите земји во светот, објаснува Марко.

Натпреварот ќе трае четири дена почнувајќи од 7 август, а последниот ден, ќе бидат објавени конечните финалисти.

-Ова е прв натпревар во Македонија, благодарение на огромниот труд и напори на
организаторот Цертиадриа и поддршката од Стопанска банка. До лани секаде во регионот се организираа вакви натпревари, во Бугарија, Србија… Се надеваме на голем успех и дека ќе бидеме во ранг со останатите земји. Нашата филијала е отворена за интерактивни настани, за секаков вид на презентации, саеми, натпревари, овој простор е на располгање за сите оние кои се заинтересирани, велат од Стопанска банка.

Рангирани според највисоките резултати, најдобите 42 учесници се натпреваруваа за титулата “Мајкросфт Офис Специјалист” на Македонија, во познавање на МС Њорд, Еџцел или ПоњерПоинт. Финалниот натпревар се одржа во и-банк сторе на Стопанска банка АД – Скопје, која целосно ја обезбеди главната награда. Останатите 6 финалисти добија ваучери за бесплатна обука од компјутерскиот образовен центар Семос Едукација.

(Б.Л.)