Инфектологот Вело Марковски во интервју за ТВ21 истакна дека никој не знае дали може да се врати вирусот на есен, а тие кои тврдат дека може да се врати треба да објаснат од каде знаат, односно од каде им се изворите.

„Претпоставка е дека ќе се врати, се споредува со вирусот на грипот, но се работи за различен тип на вируси. Овој вирус е присутен, секоја година се враќа но не толку вирулентен“, вели Марковски.

Тој додава дека вирусот може да се врати ама да биде како во минатата година, кога 30% од населението се инфицира, но поминува како лесна настинка.

„Дека ќе имаме коронавирус, ќе имаме, но дали ќе се врати вака вирулентно никој не може да каже“, порачува Марковски.

Извор: ТВ 21