Инфектологот Вело Марковски во интервју за ТВ21 посочи дека тестовите што се со ПСР технологија се точни, имаат висока сензитивност и висока специфичност, но истите не се соодветни за докажување дали лицето кое е болно го има баш тој вирус.

„Лицето може да го има вирусот во горниот респираторен тракт, во устата на тонзили, меѓутоа не значи дека е болеста во тој пациент е од тој вирус“, посочи Марковски.

Извор: ТВ 21