Зачудува брзиот развој на состојбата кај болните од корона. Тоа е многу чудно, немаме информации зошто е така. Има ситуација кога има пациенти кои се со лесен наод и за многу краток период може да бидат во животозагрозувачка состојба. Докторите сепак треба многу да внимаваат, многу често се починува од инфекции и од други болести, не сите се во овој период починати од ковид. Треба да се следи дека можеби и некоја друга состојба има во позадина. Така е и во светот и кај нас. На пример еве кај нас, сигурно жената од Велес не починала од ковид, рече  доктор Вело Марковски, инфектолог на гостувањето на емисијата Само вистина на телевизија канал 5.

Оттука според него за точно детектирање мора да се прават и двете методи на испитувања за ковид и преку крв и брис.

Доктор Марковски укажува дека сега едно е јасно, дека мора да се држи физичка дистанца.

-Луѓето се многу испалшени. Се надевам дека сонцето ќе придонесе да се повлече корона вирусот. Ако не се повлече ќе имаме проблем, и ќе мора да се научиме да живееме со тоа. Но, владата понекогаш треба да слушне и друго, второ мислење. Возрасните имаа многу краток период да излегуваат, а некои од нив останале сами на пример, ќе имаат многу проблем. Дел од нив ќе треба и да излегуваат на сонце. Луѓето се толку уплашени што можеби сега ќе треба кампања и да им се вели на дел од граѓаните да излезат, вели доктор Марковски.