Има многу малку колективен имунитет и сите овие мерки се одлични ако се проценува дека ќе нема втор пик. Но, не се согласувам со Комисијата за заразни болести кога ќе речат ќе има и втор пик. Ако се проценува дека ќе има втор пик, бидејќи има и малку информации официјални од истражувања, тогаш се неоправдани рестриктивните мерки што се спроведуваа, рече доктор Вело Марковски, инфектолог на гостувањето на емисијата Само вистина на телевизија канал 5.

Според него за тоа како да се постапува, какви мерки се потребни треба да се земат како пример сарс и мерс вирусите, а не грипот.

-Погрешно е да се прави споредба со грип, треба да се прават споредби со вируси од иста група како што се Сарс и Мерс кои се појавуваа и стивнуваа. Бидејќи нема многу сознанија за корона вирусот, а има  многу мутации, можно е да го има пак како што е случај со грип, или сезони на грип, но тоа ќе се манифестира како еден вид на настинка, и тоа лесна настинка, објасни Марковски. 

Според него сега веќе ние станавме заложници на овој модел што го избравме.

-Ако Комисијата за заразни болести има стратегија тогаш во ред. Но, со кажувањата до сега, од една страна споредба со грип кога треба да се јакне имунитетот, од друга крајно рестриктивни мерки со кои не се создава колективен имунитерт тогаш ќе имаме проблеми, додаде Марковски.