x

Маркез, сепак, нема да вози во Херез – прв пат ќе пропушти трка

markez2-e1595684835252

И покрај тоа што се појави на денешните тренинзи па дури и го возеше моторот, сепак, светскиот првак Марк Маркез ќе ја пропушти утрешната трка во Херез. Минатата недела Шпанецот имаше излетување и незгоден пад, поради што скрши коска на десното рамо па беше опериран. И така повреден се качи на мотор на денешните тренинзи, но не се појави во квалификациите.

За да не направи компликации со повредата, сепак, Маркез се откажа од  втората трка сезонава во Мото ГП шампионатот.

Тимскиот менаџер на Хонда Алберто Пуиг потврди дека Маркез нема да се трка на неделната трка иако постоеше шанса тој да почне од задните редови.

Тој почувствува болки и се откажа. Утринава не беше толку лошо. Можеше да вози, можеше да се натпреварува, но попладнево свативме дека едноставно е лудо ако го пуштиме во оган. Одлучивме тој да отсуствува“, изјави Пуиг.

На третиот слободен тренинг Маркез извозе 18 кругови и имаше 1,3 секунди послабо време од лидерот. Во четвртиот тренинг тој извозе 10 круга и беше една секунда зад лидерот. Слободно можеше да се избори за место на гридот.

Ова е прв пат Маркез да пропушти трка во кариерата во Мото ГП. Неговото враќање се очекува на ГП Чешка во Брно на 9 август.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата