x

Маркез излезе од болница, се враќа на патеките уште во август!?

markez-1

Светскиот шампион во Мото ГП Марк Маркез излезе од болницата во Барселона каде што претрпе операција поради скршена коска на рамото. Марк имаше излетување на патеката во Херез и се повреди и веднаш беше однесе во болница каде му беше констатирана фрактура поради што подлегна на операција. Добра вест е што радијалниот нерв не е оштетен, коската е наместена и тој ќе мора да помине низ процес на рехабилитација. Прогнозите се дека тој може да се врати уште за трката во Брно идниот месец.

„Бидејќи нервот не беше оштетен, брзо ја саниравме фрактурата и ако се биде како што треба Марк може да се врати многу бргу, можеби уште идниот месец“, вели докторот Хавиер Мир.

На Маркез му е вградена титаниумова плочка на десното рамо.

Што се однесува до неговиот тим, Хонда не планира да го замени Маркез за втората трка во Херез, туку ќе го остават Алберто Пуиг сам да се трка на патеката, но и шанса да го искаже својот талент.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата