x

Маркез е луд: минатата недела скрши рака, сега вози мотор (видео)

markez-2

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез само неколку денови откако ја оперираше скршената коска на десното рамо веќе седна на мотоциклот и го извозе првиот тренинг на патеката Херез каде викендов ќе се одржува ГП на Андалузија.

Минатиот викенд токму на оваа патека, на четири круга до крајот излета од патеката и имаше лошо паѓање поради што докторите утврдија дека се работи за скршеница на коста на рамото. Следниот ден беше опериран, иако се очекуваше негов кам-бек во август на патеката во Брно, сепак, Шпанецот се појави на денешните тренинзи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата