x

„Марка“ со скандалозен текст: Косово нема играчи родени во својата земја

kosovo-trening-6

Ждрепката за квалификациите за СП 2022 година во Катар предизвика голема бура. А причината е репрезентацијата која се најде во група со земји кои не ја признаваат како независна држава. Тоа се Грција, Грузија и Шпанија.

Ова беше доволна причина за да „Марка“ излезе со скандалозен текст со наслов – Косово: Тим кој нема родени играчи во непризнатата земја.

„Ниту еден играч во тимот на Косово не бил роден својата земја. Барем не во земјата која ја прогласи својата независност на 27. февруари 2008 година. Добар дел од фудбалерите беа во егзил, во Швајцарија или Шведска. Ќе мора да почекаме уште неколку години додека оваа селекција не го добие првиот играч роден во независно Косово“, гласи воведот во контроверзниот текст на„ Марка“.

Во продолжение шпанските медиуми се свртеа кон историјата, во нивното пишување има политичка позадина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата