x

„Марка“ открива кога почнала војната меѓу Бејл и Зидан

zidan-bejl

Герет Бејл се врати во Тотенхем. „The Sun“ пишуав дека Спарси и Реал Мадрид се договориле големата плата на фудбалерот од Велс да ја превземат, за прилична ефтина одштета од 13 милиони евра. Доколку оваа сезона мине како што треба, позајмицата може да биде продолжена на две години, поточно до истекот на договорот со “кралскиот“ тим.

Во последните две сезони гледавме вистинска сапуница околу Бејл кој за изгуби мотивација во Реал и немаше никаков проблем да седи на клупата за резерви земајќи голема плата секој месец. Тој се скара со тренерот, Зинедин Зидан, соиграчите и навивачите. Требаше да замине минатото лето и да заигра во кинескиот шампионат, но дојде до пресврт.

Шпанска „Марка“ открива во кој момент се променил односот меѓу Бејл и Зидан. На 26. мај 2018 година, Зидан го стави Иско во првата постава за финалето во Лига шампиони против Ливерпул и Клоп, додека Бејл го остави на клупата.

За ова Велшанецот никогаш не му прости, влезе во игра во 61. минита и го реши мечот со два гола.

„Бејл беше пресреќен кога замина Зидан, но по неговиот кам-бек почна да размислува за заминување“, пишува Марка.

Сега веќе конечно ја исполни својата желба и го напушти Реал за Тотенхем.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата