Марија Шерифовиќ на својот Јутјуб-канал објави видео во кое одговара на прашањата на своите фанови, а нејзиниот коментар за сталингот на Беовизија од 2007 година и како си изгледа од денешна временска дистанца – ги насмеал сите. 

– Кога ќе се сетиш на стајлингот од првата вечер на Беовизија, ти паѓа ли на памет самоубиство? – гласело прашањето, а пејачката искрено одговорила дека креацијата била облог. 

– Види, на памет ми паѓа и самоубиство, и да се отрујам, и да се убијам, и да си направам некое тешко злосторство, но нема врска. Тоа беше еден квалитетен облог, кој го направив заради шоу, рекла Марија и додала: – Да се разбереме, си изгледам како тотален кретен, како тотален идиот во тоа, како Урсула од Малата Сирена. Бљак.