Маријана Станојковска вчера се појави на настан во улога на водителка, ама со оглед на тоа дека мора да се носи маска, таа не прекрши ниту едно правило. И не само тоа, туку покажа дека и со маска може да се биде секси. 

Во улогата на домаќинка на отворањето на специјализираната тематска продавница за внимателно селектирани производи за широка потрошувачка, Маријана се појави во тесно црно фустанче со голи раменици и со должина до колената, но и со заштитна маска во истата боја. 

Не за џабе се вели кога некој си е згоден што и да стави на себе, ќе изгледа совршено.