x

Маратонот во Париз повторно пролонгиран

Организаторите на парискиот маратон, еден од низата најпрестижни светски маратони, најавија дека годинешната трка ќе се одржи на 15 ноември.

Парискиот маратон обично се одржува во првата половина на април, но оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, првично беше одложена за 18 октомври, а организацијата АСО, која е организатор, повторно го одложи одржувањето за еден месец.

Оваа година нема да се одржат големите маратони во Бостон, Њујорк и Берлин.

Скопскиот маратон од мај, засега е закажан за 4. октомври.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата